ЕУ одлучува за санкции спрема Русија

Брисел, 20 март 2014 (МИА) - Лидерите на Европската унија би требало да одлучуваат за економските санкции и евентуалната блокада на воената соработка со Москва заради присоединувањето на Крим.

Претходно, Европската комисија одобри милијарда евра итна поддршка за украинската Влада. Финансиските средства се наменети за стабилизација на платниот биланс, структурни економски реформи и сузбивање на корупција, што ќе биде усогласено со ММФ.

– Целта е на Украина да и се помогне економски за да може да се стабилизира и политички, објасни потпретседателот на ЕК, Оли Рен.

Западни медиуми јавуваат дека во ЕУ се уште не се согласни колку темелни, особено економските санкции би требало да бидат кон Москва бидејќи сите членки нема подеднакво да почувствуваат економско-финансиски последици од таквите мерки.

Исто така треба да се согледа и какви последици би можело да имаат возвратните руски санкции спрема ЕУ, како што најави Москва.

Санкциите за државата која во европа и САД извезува енергенси вредни 160 милијарди долари звучат безмалку нереално. Отцепувањето на Кримскиот полуостров од Украина и припојување кон Русија ја натера администрацијата на американскиот претседател Барак Обама за едно со ЕУ да воведе мерки против руски официјални лица, но и да се закани со поостри санкции и дипломатска изолација на Москва.

Мерката што навистина би можела да нанесе штета за Москва е ограничена или целосна забрана за увоз во Европа на руска нафта и гас.

Но, аналитичари од банкарските гиганти Голдман сакс, Банка на Америка и Морган Стенли се сложуваат во оценката дека Европа веројатно не би поддржала такви санкции, а со таков став е и американската разузнавачка фирма Стратфор.

Главна пречка за поголема казна е Германија и покрај начелното ветување на канцеларот Ангела Меркел дека ќе ги следи американските сојузници.

Германија во 2013 година двојно ја зголеми надворешно-трговската размена со Русија која сега изнесува 76,5 милијарди евра, од кои 40,5 милијарди евра е руски извоз и 36 милијарди се германски извоз.

Во Русија бизнис имаат 6.000 германски фирми со околу 300.000 вработени. Берлин е трет најголем трговски партнер на Москва. Рускиот пазар е еден од најзначајните за германската автомобилска индустрија. Германија добива 35 отсто од целосните потреби за природен гас од Русија.

Неодамна беа обелоденети и документи според кои Лондон ниту сака трговски санкции ниту затворање на Сити за Русите.

Премиерот Дејвид Камерон вчера предупреди дека Русија ќе се соочи со трајно исклучување од групата најразвиени држави во светот Г-8 доколку Кремљ преземе дополнителни чекори „подалеку од Крим и кон источна Украина“. Тој во таков случај најави остри економски и дипломатски санкции.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека правната процедура за припојување на Крим кон Русија ќе биде завршена оваа недела.

– Преземени се практични чекори за примена на договорот за присоединување на Крим и кримското пристаниште Севастопољ кон Русија, изјави Лавров.

Од друга страна, Долниот дом на рускиот парламент ќе има седница денеска за да го ратификува договорот за влез на Крим во состав на Русија.

Во интензивна дипломатска акција е и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун кој ќе ја посети денеска Москва и утре - Киев во обид да се изнајде мирно решение за кризата која изби меѓу Украина и Русија за Крим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...