Крим станува дел од Русија во оваа недела

Москва, 20 март 2014 (МИА) - Правната процедура за припојување на Крим кон Русија ќе биде завршена оваа недела, најави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во момент кога украинските власти најавија дека ги повлекуваат украинските војници од Полуостровот.

– Преземени се практични чекори за примена на договорот за присоединување на Крим и кримското пристаниште Севастопољ кон Русија, изјави Лавров.

Долниот дом на рускиот парламент ќе има седница денеска за да го ратификува договорот за влез на Крим во состав на Русија, но и без разлика на тоа -  руската администрација веќе почна да им дели пасоши на жителите на Крим.

- Процесот веќе почна. Веќе врачивме еден дел од пасошите и тоа секој ден ќе биде се поинтензивно, изјави шефот на руската имиграциска служба Константин Ромодановски.

Со нацрт-законот кој рускиот претседател Владимир Путин вчера го предаде на долниот дом на рускиот Парламент, сите украински државјани кои имаат постојан престој на Крим се сметаат за руски државјани.

Ромодановски не прецизираше како ќе живеат и работа жителите на Крим кои не сакаат да примат руско државјанство.

Декретот потпишан од Путин е еден чекор со кој се формализира анексијата на Крим. Русија, сепак има уште простор за да отстапи. Договорот мора да биде потпишан од лидерите на Крим и на Русија, Уставниот суд мора да го одобри, а потоа следува ратификација во парламентот.

Украинските власти синоќа соопштија дека во Киев е изготвен нацрт-план за повлекување на нивните војници од Крим.

- Сакаме повлекувањето да се изврши брзо и ефикасно, изјави Андриј Парубиј,секретар на украинскиот совет за национална безбедност и одбрана.

Според неговото објаснување,ќе бидат повлечени сите војници и членовите на нивните семејства,како и потребната опрема,а ќе се овозможи заминување и на сите цивили кои „не ќе сакаат са останат да живеат на окупирана територија“.

Во неделата убедливо мнозинство на референдум гласаа за отцепување од Украина и обединување со Русија. Западот и Украина сметаат дека референдумот е нелегален.

Крим, чии граѓани  со огромно мнозинство - 96,6 отсто, гласаа за приклучување кон Руската Федерација е стратешки полуостров на Црното Море, кој советскиот лидер и етнички Украинец, Никита Хрушчов и го подари на Украина пред 60 години. Toa денес е епицентар на најголемата криза во односите меѓу Истокот од Западот од завршувањето на Студената војна.

Територијата на Крим е со големина на Белгија, богата со лозја и плантажи со тутун, привлечна за туристите со својата суптропска клима и приморски одмаралишта.

Пред Советскиот сојуз Крим беше познат како „игралиште на руските цареви“, поради топлата клима и морето.

Историјата на Крим е одбележана со инвазијата и окупацијата на Хуните, Венеција, византиските Грци и османлиските Турци, кои со векови ги контролирале богатите земјоделски области.

Владеењето на Москва на ова подрачје почна во 18. век, кога руската Црноморска флота ја фрли котвата во 1783 година во местото, на кое денес се наоѓа јужниот град Севастопољ.

Русите денес сочинуваат речиси 60 отсто од населението на Крим, област која до 1954 година беше дел од Русија, а историчарите ниту денес не можат да појаснат зошто и е подарена на Украина.

Во Севастопољ, град во кој живеат околу 350 илјади лица се уште се наоѓа седиштето на Црноморската флота.

Дека населението на Крим и децении по „доделувањето“ на Украина се чувствува како руско било кристално јасно и во 2008 година, кога тогашниот претседател, прозападниот лидер на „портокаловата револуција“, Виктор Јушченко, го објави планот да ја исфрли руската флота од Севастопољ. Политичарите на Крим му порачаа тогаш дека резултатите на секој таков чекор ќе бидат - конфликт.

Неодамна соборениот Јанукович, кој на изборите во 2010 година во вториот круг ја победи Јулија Тимошенко, го продолжи договорот со Русија за закуп на Севастопољ на уште 25 години, а Москва за возврат на Украина и даде попуст на цената на гасот.

Украинските десничари истовремено ја обвинија Москва дека планира со Крим да го одигра истото сценарио, како и претходно со Јужна Осетија и Абхазија во Грузија: прво да им подели руски пасоши на граѓаните кои сакаат, а потоа да изврши инвазија, бранејќи ги новите државјани од напади.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...