Подготвени сме за преговори во формат Русија-САД-ЕУ-Украина

Москва, 8 април 2014 (МИА) - Москва е подготвена за преговори во форматот Русија-САД-Европска унија-Украина, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија е подготвена да ја разгледа варијантата за преговори за Украина, онака како што предложија САД, со учество на Европејците, но на нив треба да бидат претставени и украинските региони во кои се говори руски, истакна Лавров.

Тој додаде дека Русија има многу прашања во врска со роковите, што ги предложија САД за одржување на мултилатерален состанок за Украина, имајќи го предвид предлогот на Вашингтон преговорите да се одржат за десет дена.

- Кога американската страна говори за плановите за одржување мултилатерална средба по десет дена, за кога Јацењук вети дека ќе заврши работата на нацртот за украинскиот устав, се поставува прашањето: Дали се планира преговорите да се организираат, кога тој проект ќе биде готов, а регионите ќе бидат ставени пред свршен чин, а нас едноставно не покануваат на средбата за да присуствуваме на озаконување на предлогот за новиот устав, кој досега не сме го виделе, нагласи Лавров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...