Простување за сексуалното насилство на свештеници врз деца

Рим, 11 април 2014 (МИА) - Папата Франциско побара денеска простување за штетите кои ги предизвикале свештениците кои имаат извршено сексулано насилство врз деца.

Во соопштение, прекесено преку за радио Ватикан, папата ги означи насилствата како „морална штета за црквата што ја направиле мажи“ и навести санкционирање на виновниците.

- Чувствувам потреба да побарам опростување за штетата што некои свештеници ја предизвикале со сексуалното насилство врз деца, рекол папата за време на разговорот со претсавниците на невладината организација „Католички деца“ што ја пренесува ватиканското радио.

Ова е досега најостра реакција на случувањата во изминатите неколку децении кога католички свештеници, сексуално ги малтретирале и ги силувале децата кои родителите, или општеството им ги оставило на црквата и на нејзините организации на чување и на воспитување.

Скандалот што беше откриен пред повеќе години, долго време беше прикриван од Католичката црква и премолчуван од Ватикан.

Ктитичарите на ваквото однесување, ја обвинуваа црлвата дека повеќе води сметка за себе и за својот углед во јавноста, отколку за децата, жртви на сексуалното насилство. Минатиот месец, папата Франциско силно ги бранеше податоцоте на католичката црква за она што таа има досега направено во пресметката со насилствата врз децата, откако претходно црквата и Ватикан беа остро критикувани од агенциите на ОН за заштита на децата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...