Берлускони ќе мете улици

Рим, 15 април 2014 (МИА) - Судот во Милано денеска му одреди на поранешниот италијански премиер и милијардер Силвио Берлускони општествено корисна работа во траење од една година, како казна за минатогодишната пресуда во врска со затајување данок, објавија италијанските медиуми.

Берлускони истовремено ќе мора да ја почитува мерката за ограничено движење, што како што коментираат медиумите, претставува ново понижување за 77-годишниот италијански тајкун, кому претходно му е одземен пратеничкиот мандат во Парламентот и забрането му е да се кандидира на изборите во следните шест години. 

Неговите адвокати претходно побараа од Судот да му дозволи еден ден во неделата да извршува општествено корисна работа во еден центар за хендикепирани и стари лица во близина на неговиот имот во предградие на Милано. 

Берлускони минатата година е прогласен за виновен за затајување данок во врска со случајот за купување на телевизиските права на неговата империја „Медиасет“ во текот на ’90-те години од минатиот век.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...