НАТО го јакне присуството во Источна Европа

Брисел, 16 април 2014 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска најави јакнење на военото присуство на Алијансата долж источните граници на територијата која ја покрива, како одговор на влошувањето на кризата во Украина.

- Денеска усвоивме пакет воени мерки, изјави тој по средбата на сите 28 членки на НАТО во Брисел и додаде дека тоа подразбира „поголем број авиони на небото, повеќе бродови во водата, поголема подготвеност на копно“.

Одлуката стапува во сила веднаш, а наскоро ќе бидат донесени нови мерки, најави Расмусен.

Тој не прецизираше кои нови сили ќе бидат распоредени и каде точно, но изјави дека НАТО ќе ги зголеми воздушните патроли над Балтичкото Море, додека дополнителен број бродови ќе бидат упатени кон Балтикот и кон источниот Медитеран, пренесува Танјуг.

Генералниот секретар на НАТО ја повика Русија да биде дел од решението од Украина, да ја запре дестабилизацијата на оваа земја, да ги повлече трупите од границата и јасно да покаже дека не ги поддржува екстремистите. Тој дополни дека истовремено верува дека единствен излез од кризата е изнаоѓање политичко решение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...