Сериозни кршења на човековите права ширум Европа

Стразбур, 16 април 2014 (МИА) - Сериозни кршења на човековите права кои вклучуваат корупција, трговија со луѓе, расизам и дискриминација и натаму постојат ширум Европа, се заклучува во најновиот Извештај на генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.

Невработеноста и сиромаштијата во многу земји придонесуваат за развивање на екстремизмот и поттикнуваат судири, се констатира во Извештајот кој претставува прва обединета анализа за човековите права, демократијата и владеењето на правото во европа, направена врз основа на заклучоците на надзорните тела на Советот на Европа.

Осврнувајќи се на кризата во Украина и руската воена интервенција на Крим, Јагланд предупреди на опасноста од избивање на слични судири во останатиот дел во Европа.

„Недостигот на демократска рамнотежа на моќ, слободни медиуми и независно судство доведе до распространување на корупцијата и злоупотреба на власта“, се пренесува неговата оценка во соопштението од Советот на Европа.

Изразувајќи загриженост по повод избивањето насилства на истокот на Украина, тој ги повика сите страни во таа земја да ја запрат ескалацијата на насилството и да се вклучат во политичките предговори за иднината на Украина.

- Меѓународните партнери на Украина би требало да ја поддржат оваа земја во изнаоѓањето решение кое води кон мир и стабилност, заклучи Јагланд.

Првиот човек на Советот на Европа ги повика државите членки на ова тело во целост да се придржуваат кон Европската конвенција за човекови права.

- Ги повикувам државите членки да престанат со поткопување на основните права и да усвојат натамошни реформи на единствениот систем на Европската конвенција. На Европа и е потребна нова европска безбедносна агенда, која мора да вклучува заштита на владеењето на правото и демократските начела. Заедно мораме да ја вратиме Европа на патот на единството и соработката, врз основа на заедничките вредности, стандарди и  правни обврски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...