Три лица убиени во престрелката во Мариупол

Киев, 17 април 2014 (МИА) - Вршителот на должност министер за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков, соопшти дека тројца проруски сепаратисти биле убиени во престрелка, која синоќа избувнала во градот Мариупол.

Според првичните податоци, тројца напаѓачи биле убиени, 13 повредени и 63 уапсени, објавил Аваков на својот профил на Фејсбук.

Претходно, војници од украинската Национална гарда пукале во воздух, кога толпа од проруски сепаратисти нападнале нивна база во близина на источниот град Мариуопол вчера, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Голема група вооружени демонстранти пристигнале во базата и побарале војските на Националната гарда да го поддржат нивниот бунт против прозападната Влада на земјата, се наведува во соопштение на Министерството.

Проруски сепаратисти зазедоа повеќе згради во најмалку десет градови во Источна Украина. Градската администрација на Мариупол веќе е под контрола на сепаратистите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...