Се надевам дека нема да морам да испратам војска

Москва, 17 април 2014 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази надеж дека нема да мора да го искористи своето право да испрати руска војска во Украина. 

- Искрено се надевам дека нема да бидам принуден да го искористам ова право, истакна Путин, потсетувајќи дека на 1 март добил дозвола од Горниот дом на Парламентот да испрати трупи на украинска територија. 

Тој, во редовното телевизиско одговарање на прашања од граѓани, порача дека неговото главно барање се однесува на гаранциите во врска со заштитата на правата на руската малцинска заедница во јужниот и источниот дел на Украина.

Рускиот претседател денеска првпат призна дека на Крим имало руски војници за време на мартовскиот референдум, кој овозможи украинскиот полуостров да биде присоединет кон Русија.

- Зад грбот на силите за самоодбрана секако, застанаа руски војници и дејствуваа многу коректно, но решително и професионално, изјави Путин за време на телевизиското обраќање.

- Во разговорите со своите странски колеги, јас не криев дека нашата задача се состоеше во тоа да обезбедиме услови за слободно изразување на волјата на жителите на Крим. Затоа бевме должни да ги преземеме неопходните мерки за настаните таму да не се развиваат онака како што се развиваат денес во југоисточна Украина. За да нема тенкови, воени единици на националисти  и луѓе со сомнителен изглед, добро вооружени со автоматско оружје, изјави претседателот на Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...