„Аерофлот“: Забрана за влез во Украина за Руси од 16 до 60 годиниМосква, 17 април 2014 (МИА) - Украинските власти ќе воведат забрана за влез во Украина на руски граѓани од машки пол на возраст од 16 до 60 години, а засега известување за тоа добила единствено руската авиокомпанија „Аерофлот“.
Украинската погранична служба појаснува дека привремено воведените мерки се однесуваат пред се на мажи, кои се во добра здравствена состојба и кои би можеле на некој начин да влијаат врз ситуацијата во источниот дел на земјата.
Мерките важат не само во случај на патување со авион, туку и со други превозни средства.
Забраната нема да важи само во екстремни случаи и со дозвола на началникот на пограничната единица, по извршената контрола.
|