Песков: Русија разгледува повеќе сценарија за настаните во Украина

Москва, 20 април 2014 (МИА) - Русија разгледува повеќе сценарија за настаните во Украина, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, истакнувајќи дека „ниту една земја не може да остане рамнодушна ако војна се одвива во близина на нејзината граница“.

- Русија, како и секоја друга сериозна земја, има повеќе сценарија за настаните, рече Песков.

Песков најави и дека по повод настаните во Украина ќе бидат „преземени неопходни мерки“.

Тој во исто време истакна дека Русија не презема никакви чекори кои би укажале дека има планови да изврши агресија.

- Правото (да се испратат трупи) на претседателот е дадено. Русија не работи ништо што би говорило за некаков план за инвазија, рече Песков.

Како што додаде, присуството на трупите кај границата не е некоја вонредна мерка.

- Русија е слободна да ги држи своите трупи во било која точка на нашата земја. И никакви посебни концентрации на трупу таму нема, нагласи тој.

Според него, пвоеќе пати е истакнато дека „Русија повеќе од другите е заинтересирана за стабилна, просперитетна, слободна Украина во која ќе бидат почитувани и гарантирани интересите на сите националности“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...