НАТО е загрижен од заканите на Русија кон Украина

Брисел, 24 април 2014 (МИА) - НАТО е загрижен од заканите на Русија дека ќе употреби воена сила против Украина, изјави заменикот генерален секретар на организацијата Александар Вершбау.

Вершбау ја осуди Москва за, според него, острата реторика и ја повика да го поддржи спроведувањето на договорoт за смирување на ситуацијата во Украина, постигнат минатата недела во Женева.

- Користењето закани и спроведувањето воени вежби во близина на украинската граница ги зголемуваат тензиите во една и без тоа нестабилна ситуација и го нарушуваат духот на договорот од Женева, предупреди Вершбау.

Русија претходно изрази подготвеност да испрати војска во Украина, во случај да и бидат нарушени легитимните интереси во земјата, откако новите украински власти почнаа „антитерористичка операција“ против проруските сепаратисти во источниот дел на Украина.

Главниот командант на Обединетите вооружени сили на НАТО во Европа, генерал Филип Бридлав во интервју за романски медиум изјави дека руските војници, распоредени долж границата со Украина се многубројни, добро опремени и подготвени, ако добија наредба да влезат во источниот дел на Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...