Порано Путин не го разбиравме или му се смеевме

Прага, 26 април 2014 (МИА) - Конфликтот со Русија поради Источното партнерство и Украина се појави кога рускиот претседател Владимир Путин одлучи да изгради конкурентен проект против ЕУ во форма на Евроазиска Унија, вели европскиот комесар за проширување, Штефан Филе во интервју за чешкиот весник „Млада Фронта Днес“.

Филе, кој изминатите два дена во Прага, присуствуваше на Самитот на Источното партнерство на ЕУ по повод петгодишнината од основањето, оценува дека Источното партнерство не било конструирано против Русија.

- Не знам кога точно тоа политички „се скрши". Дали тоа беше уште за време на изјавите на Владимир Путин кога зборуваше за тоа дека распадот на Советскиот сојуз беше најголема трагедија на 20. век. Или кога ќе се сетам на неговиот настап на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година кога рече дека Украина е вештачка држава, објаснува Филе на прашањето за односите на Русија по основањето на Источното партнерство на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од чешкиот главен град, според Филе, Путин секогаш сакал и ќе сака да се врати влијанието на Русија, кое постоеше уште во времето на Советскиот Сојуз.

- Таа политика беше отсекогаш тука, само ние не ја разбиравме. Половина од нас се смешкаше во врска со тоа кога беше нешто такво кажано, а другата половина не разбираше, рече европскиот претставник, кој смета дека Путин ги сменил средствата, кои е подготвен да ги употреби кон Украина по постигнувањето на договорот за асоцијација и тоа со идејата за создавање на Евроазијска унија што значи „некаква друга интеграциска група во Европа".

- Унијата најпрво треба да покаже солидарност кон Украина и тоа не само со зборови туку и со дела, што ние го правиме онолку колку можеме. Втора работа е да се обидуваме низ сите тешкотии и околности да водиме дијалог со Русија, што би можело да помогне во убедувањето на Русија дека нашата политика не е за тоа, дека нашите партнери мора да ги избере Брисел или Москва, туку тоа да можат да го сторат сами, вели Филе.

Задржувајќи се на Источното партнерство, Филе додава дека не треба да има лимити и бариери меѓу партнерството и можноста да се стане членка на ЕУ и дека Унијата треба да има слух за тие кои сакаат да станат нејзин дел.

Во врска со предлогот на полскиот премиер Доналд Туск да се создаде „Енергетска унија", како одговор на кризата во односите со Русија, Филе рече: „Ова треба да се разгледува на следната седница на Европскиот совет. Како основа за одлуката на шефовите на земјите-членки ќе биде можноста за дополнително намалување на енергетската зависност од Русија и забрзување на истата“.

Во проектот на Источното партнерство, во 2009 година за време на чешкото претседателство со ЕУ се приклучија Украина, Белорусија, Молдавија, Ерменија, Грузија и Азербејџан.

Целта на Програмата е да се рашири соработката со ЕУ и со овие поранешни советски републики и да им понуди можност за политички и економски приближувања со Унијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...