Шест украински војници загинаа во судирите во Краматорск

Киев, 13 мај 2014 (МИА) - Шест украински војници се убиени, а осуммина се повредени денеска кога паднале во заседа во близина на градот Краматорск, во северниот дел на Доњецката област, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Конвој на украинска воена оклопна единица бил нападнат од најмалку 30 проруски сепаратисти со минофрлачи и автоматско оружје. Заседата била поставена во близина на мост кај Краматорск.

Двајца украински војници загинале кога нивниот блиндиран автомобил бил погоден, а останатите четворица се убиени во престрелка.

Претходно, денеска вршителот на должност украински претседател Олександар Турчинов изјави дека специјалната операција на украинската војска во источниот дел на земјата ќе продолжи.

Областите Доњецк и Луганск одржаа референдуми на 11 март, на кои мнозинството избирачи ја поддржаа независноста од Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...