Авионот на Путин бил цел на нападот, а не малезискиот „Боинг 777“

Москва, 18 јули 2014 (МИА) -  Руската сателитска телевизиска станица „Раша Тудеј“„ која емитува вести на англиски јазик, тврди дека цел на ракетниот напад, со кој беше соборен малезискиот „Боинг 777“ над југоисточна Украина, не бил авионот на „Малезија Ерланс“ туку авионот на рускиот претседател Владимир Путин.

Според оваа верзија за соборувањето на патничкиот авион во реонот на Доњецк „украинската страна“ што телевизиската станица ја обвинува за тешкиот инцидент, верувала дека го имаат на нишан авионот „Ил 96“ со кој лета претседателот Путин, па врз него испукале една противвоздушна ракета.

Во оваа информација се тврди дека „грешката можела лесно да се случи“ затоа што рускиот службен авион е налик на соборениот „Боинг“.

Верзијата на оваа ТВ станица, која наведува на можноста за постоење заговор за убиство на претседателот на Русија, засега не предизвика коментар, ниту од украинска, а ниту од руска страна.

Единствено, неидентификуван извор близок до Кремљ објасни дека веќе неколку месеци претседателот Путин за време на своите патувања во странство, не го користи украинскиот воздушен простор.

Владимир Путин се враќаше од Бразил кон Москва по завршувањето на Самитот на земјите од групата БРИКС на која учествуваше, заедно си лидерите на Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка.

Вкупно 298 патници и членови на екипажот загинаа кога авионот на „Малезија Ерлајнс“ што леташе од Амстердам кон Куала Лумпур се урна во граничниот реон на Украина и Русија.

Властите во Киев, за тоа веднаш ги обвинија проруските сепаратусти и Москва, тврдејќи дека „Боингот“ е соборен со руска ракета „БУК“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...