Да се испрати полициска мисија на ОН во Украина

Киев, 21 јули 2014 (МИА) - Испраќање на полициска мисија на Обединетите нации во Украина значително би помогнало во меѓународната истрага за несреќата со малезискиот авион, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко во телефонскиот разговор со австралискиот премиер Тони Абот.

Порошенко му се заблагодарил на Абот за предлог-резолуцијата пред Советот за безбедност на Обединетите нации за поддршка на меѓународна истрага на несреќа во Доњецката Област и испраќање на полициска мисија на ОН.

Гласањето на предлог-резолуцијата во Советот за безбедност на ОН е закажано за денеска во 15 часот по локално време, односно 19 часот по Гринич.

Предложената од Австралија, резолуција апелира проруските сепаратисти да покажат неограничена соработка во истрагата и забранува манипулација на местото на несреќата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...