Да не се носат избрзани заклучоци

Москва, 21 јули 2014 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин порача синоќа, во телефонскиот разговор со британскиот премиер Дејвид Камерон, дека е важно да се покаже воздржаност од избрзани заклучоци и исполитизирани соопштенија, додека истрагата за падот на малезискиот „Боинг 777“ на истокот на Украина не биде завршена, соопшти синоќа прес-службата на Кремљ.

Путин рече дека коренот на трагедијата лежи во судирите во Украина, вклучувајќи ги регионите каде што авионот се урна и ја истакна одлучноста и подготвеноста на руската страна за помош во организација и спроведување детална истрага на Меѓународната организација за цивилен сообраќај околу сите околности на катастрофата, се наведува во соопштението.

Во телефонскиот разговор, што го иницирала британската страна, Путин изрази сочувство до Камерон за смртта на британските граѓани кои биле во малезискиот авион.

Британскиот премиер рече дека соборувањето на малезискиот патнички авион на истокот на Украина е „апсолутно неприфатливо“ и оти доказите укажуваат дека зад тој настан стојат „проруските сепаратисти“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...