Спасени уште 800 мигранти во близина на италијанскиот брег

, петмина пронајдени мртви

Рим, 21 јули 2014 (МИА) - Повеќе од 800 мигранти се спасени во текот на изминатата ноќ додека се обидувале од Африка да допловат до некоја европска територија, соопшти италијанската Mорнарица, додавајќи дека на еден брод биле пронајдени телата на пет лица.

Италијанските медиуми пренесоа дека во операцијата за спасување учествувале четири чамци на Воената морнарица, како и трговски брод што се затекнал на подрачјето каде мигрантите биле откриени.

Од повеќе пловни објекти, вклучувајќи и гумени чамци, сплавови и бродчиња од различни видови, спасени биле 824 мигранти, меѓу кои најмалку 91 жени и 14 деца.

Едно од бродчињата со мигранти било пред потонување, соопшти Морнарицата, додавајќи дека при акцијата на спасување, исто така, биле откриени телата на пет починати мигранти.

Во соопштението се наведува дека во италијанските територијални води во последните неколку дена се спасени вкупно 1.771 мигранти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...