Русија има неколку дена да го смени својот пристап

Прага, 22 јули 2014 (МИА) - Руската Федерација треба да помогне при независната истрага на несреќата на малезискиот авион над источна Украина и исто така да го спречи движењето на оружје и милитанти во областа, изјави чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек во Брисел, пред  денешната средба со колегите од Европската унија.

Според Заоралек, ако тоа не се случи „за неколку дена" треба на вонреден самит на ЕУ да се одлучи за значајни санкции насочени кон некои сектори на руската економија, јави дописникот на МИА од Прага.

Министрите на земјите на ЕУ, денеска во Брисел се среќаваат првпат откако во четвртокот се случи авионската несреќа во источна Украина, во областа контролирана од страна на про-руските сепаратисти, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

САД и други западни земји, сметаат дека авионот со ракета го урнале  про-руските сепаратисти, најверојатно со руска поддршка.

Москва негира и смета дека за тоа е одговорна украинската влада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...