Чешка подготвува целосна забрана за пушење во рестораните

Прага, 22 јули 2014 (МИА) - Во чешките ресторани, пабови, барови и дискотеки каде сега е или дозволено пушењето или се пуши во посебни одвоени простории, се подготвува целосна забрана, јави дописникот на МИА од Прага.

Во земјата, за забрана за пушење на цигари во угостителските објекти се залагаат, министерот за здравство Сватоплук Њемечек и пратениците од движењето АНО, кои ја започнаа иницијативата.

Според измените кои ќе бидат поднесени до крајот на годината,  се предвидува забрана за пушење во секој објект каде се служи храна.

На ова се спротивстави претседателот на Здружението на хотели и ресторани (АХР), Вацлав Старек, кој смета дека пушењето е работа за која не треба да одлучуваат политичарите туку пазарот.

Асоцијацијата, смета дека Законот за регулирање на пушењето се менува многу често.
Според актуелната верзија на Законот од 2009 година, стапен во сила во јули 2010-та, сите ресторани, кафеани и барови треба на влезните врати да имаат натпис за то дали кај нив е дозволено пушење и дали имаат одделени простории за пушачи и непушачи.

- Во Чешка има околу 30.000 угостителски објекти, од нив околу една третина се сосема слободни за пушачи, една петина се за непушачи, а останатите имаат одделени простории, вели Старек, кој тврди дека со новите измени ќе банкротираат третина од угостителите.

Забраната за пушење, прва ја воведе Ирска, во 2004 година, а подоцна со разни промени се примени и во Франција, Велика Британија, Бугарија, Шпанија, Италија, Грција, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Финска, Исланд, Литванија, Холандија, Норвешка, Португалија, Шведска, Украина и Ватикан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...