Американското разузнавање тврди дека

„Нема руска врска“ во соборувањето на малезискиот „боинг“

Лондон, 23 јули 2014 (МИА) - Американското разузнавање тврди дека располага со докази од кои се гледа дека Русија „не е директно вмешана“ во соборувањето на малезискиот патнички авион, над југоисточна Украина, пишуваат лондонските медиуми, повикувајќи се на извори во САД.
 
Истите извори посочуваат дека проруските сепаратисти „најверојатно и по грешка„ го собориле „Боингот„ на „Малезија Ерлајнс„ што,сепак, не ја отфрла руската одговорност за овој трагичен инцидент.
 
Функционер на американското разузнавање,чиј идентитет не се открива,оценува дека Русија е одговорна,затоа што ги има „создадено условите„ за инцидентот од минатата недела,затоа што ги вооружува сепаратистите.
 
Официјална Москва неколкупати демантираше дека им дала на сепаратистите ракети земја-воздух, обвинувајќи ги за падот на малезискиот авион украинските воздухопловни сили, за кои тврди дека непосредно пред инцидентот, украински борбен авион бил „во близина“ на „Боингот“.
 
Овој американски разузнавачки функционер, меѓутоа, ги отфрла ваквите руски тврдења и вели дека тие се „неприфатливи и сосема неубедливи“.
 
Пишувањето на лондонските медиуми за непостоењето на „директна руска врска“ при падот на авионот во кои загинаа 298 патници и членови на екипажот, доаѓа по соопштението на холандските власти дека телата на загинатите се пренесени од територијата под контрола на сепаратистите,во Харков,каде се преземни од холандски и меѓународни експерти.
 
Холандски функционер во Харков ги обвини сепаратистите дека не ги предале телата на сите загинати,затоа што во вагоните-фрижидери што пристигнаа на харковската железничка станица имало само 200.
 
Сите тие денеска со специјален авион ќе бидат префрлени во Холандија, за да започне процесот на идентификација, за кој се проценува дека ќе трае „следните неколку месеци“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...