|
|
Барак Обама и Марк Руте ја предупредија РусијаСиетл, 23 јули 2014 (МИА) – Американскиот претседател Барак Обама и холандскиот премиер Марк Руте во телефонски разговор изразија согласност дека Русија мора да се соочи со сериозни последици ако продолжи да ги поддржува проруските сили во Украина, соопшти Белата куќа.
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Обама и Руте изразиле загриженост поради новите докази дека Русија се уште испорачува оружје и борци преку украинската граница, како и дека продолжува со стационирање на војници на границата.
Двајцата лидери изразиле согласност дека откако телата на жртвите при падот на малезискиот авион над Украина бидат вратени во домовите, местото на несреќата мора да биде достапно на меѓународните истражувачи за спроведување на сеопфатна истрага.
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Обама ја поздравил одлуката на ЕУ да подготви дополнителни санкции за тие што се одговорни за дестабилизирање на Украина.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори: - Што е ова? - Почнуваат вести - одговорил ученикот. |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
|
|
|
|