Париз му порача на Камерон

Не држи лекции туку да си ги среди домашните состојби

Лондон, 23 јули 2014 (МИА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон се најде на остар удар од домашните медиуми кои го обвинуваат за „дволичност и лицемерие“ откако официјален Париз му порача пред да и држи лекции на Франција за нејзините бизнис врски со Русија дека треба прво да ги разреши состојбите во Велика Британија.

„Кога ќе видите колкумина руски олигарси побарале досега бегалски статус во Лондон, Дејвид Камерон би требало попрво да почне да го расчистува сопствениот двор„ порачал францускиот претседател Франсоа Оланд, реагирајќи на критиките од британскиот премиер.

Острата реакција од Париз доаѓа како одговор на изјавата на Камерон полна со критики кон француската влада што и покрај санкциите кон Русија сепак и продава оружје на Москва. Станува збор за два воени бродови (носачи на хеликоптери) што Русија од порано ги има порачано и платено на Франција. За едниот од нив, руски морнари веќе се обучуваат во една француска поморска база.

Британските медиуми во овој соседски, вербален дуел на Камерон и Оланд, застанаа на страната на францускиот претседател, затоа што во меѓувреме се разбра дека британската воена индустрија продолжува да и продава и испорачува на Русија оружје, технологија и воена опрема, не почитувајќи ги санкциите на ЕУ, воведени по ескалацијата на украинската криза.

Проториевскиот „Дејли Меил“ открива дека Камерон се наоѓа под силен притисок да врати 160 илјади фунти, што завршиле  како донација за Конзервативната партија кои ги има дадено сопругата на еден близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Парите им се дадени на конзеративците, за да може богатата сопруга да одигра по една партија тенис со британскиот премиер, како и со градоначалникот на Лондон, ториевецот Борис Џонсон.

Пролабуристичкиот „Дејли Мирор“ го повика денеска Камерон да ги врати парите. Доколку премиерот има барем „еден грам“ морал, парите треба да се вратат од таму каде се дојдени, напиша овој весник.

Медиумите се сложни и околу тоа дека одлуката на Хоум Офисот, токму сега да се покрене истрага за убиството на рускиот дисидент Александар Литвиненко, од пред безмалку осум години, не е случајна затоа што владата во Лондон сите овие години ги одбиваше таквите барања на неговата вдовица Марина Литвиненко. Нејзините адвокати од порано тврдеа дека тоа се прави само за да не се нарушат односите со Москва и со претседателот Путин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...