Германија легализира одгледување марихуана за „терапевтски цели“

Берлин, 24 јули 2014 (МИА) - Германскиот суд одлучи лицата кои трпат хронични болки да можат да одгледуваат марихуана „во терапевтски цели“.

Пет лица кои трпеле хронични болки се жалеа пред судот во Келн, откако германскиот завод за лекови и за медицински уреди (BfArM) им го одби барањето за одгледување на билката во домашни услови.

Судот пресуди дека BfArM мора да преиспита три барања кои ги одбил.

Иако сите подносители на жалбата можеле да купуваат и конзумираат марихуана во терапевтски цели, сакале да ги одгледуваат своите билки, бидејќи не можеле да си го дозволат лекот, а здравственото осигурување не им го покривало трошокот.

Судот одлучи дека тројца подносители на жалби го исполнуваат условото за производство на лекот, бидејќи е „прилично сигурно“ оти трета страна нема да има пристап до билката и производот.

- Ова не значи дека секој може да почне да одгледува марихуана дома, ова важи само за оние кои се тешко болни, и ништо друго не им помага, рече портпаролката на судот Стефани Сеиферт, додавајќи дека одгледувањето останува противзаконско за сите останати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...