Европскиот суд за човекови права

Полска осудена поради тајните затвори на ЦИА

Стразбур, 24 јули 2014 (МИА) - Европскиот суд за човекови права ја осуди денеска Полска поради нејзиното „соучесништво“ во спроведувањето на програмата за тајни затвори на ЦИА, насочена против наводни терористи.

Според Судот во Стразбур, полските власти во периодот меѓу 2002 и 2003 година, соработувале во „илегалниот трансфер“ на двајцата осомничени и дозволиле тие да бидат задржани и сослушувани на територијата на Полска.

Двајцата сириски државјани Абу Зубаида и Абд ал Рахим ал Нашири, кои поднеле тужби, тврдат дека биле тајно транспортирани со авион до затвор управуван од ЦИА, а се наоѓал во еден шумски предел во Полска. Тие тврдат дека биле физички малтретирани.

Двајцата се уште се наоѓаат во затворот во американската воена база во Гвантанамо, на Куба, заедно со уште 100 други осомничени за тероризам.

Во текот на процесот, Судот констатираше дека двајцата не само што биле „нелегално задржани и испрашувани“ туку дека во текот на сослушувањето биле изложени на тортура.

Во соопштението по пресудата, Судот во Стразбур заклучил дека полските власти кои се потписници на Конвенцијата за човекови права, ги прекршиле нејзините одредби, дозволувајќи луѓето да се најдат на полската територија и притоа да бидат изложени и на облици на тортура. Судот пресуди Полска да му исплати на Нашири 100.000 евра, а на Зубаида 130.000 евра отштета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...