За жал нема ниту еден преживеан во авионската несреќа

Париз, 25 јули 2014 (МИА) - Француската единици составена од стотина војници, која изутринава тргна од градот Гао кон местото каде беа лоцирани остатоците од авионот на Свифтер изнајмен од Ер Алжир, пристигна на самото место, пренесува дописникот на МИА од Париз, повикувајќи се на француски извори.

Веднаш по одржувањето на кризниот состанок во Елисејската палата, претседателот Франсоа Оланд изјави дека „За жал нема ниту еден преживеан“ од 116 патници и членови на екипажот, меѓу кои 51 француски државјани.

Француските војници се наоѓаат на теренот за да го обезбедат местото на несреќата. Иако засега се непознати причините за падот на авионот, изутринава министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казенев како една од можните главни причини ги наведе климатските услови.

- Авионот е уништен во моментот на падот, изјави за РТЛ францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев. Несреќата најверојатно се случила поради лошите временски услови, рече тој, додавајќи оти во овој момент ниту една теорија не може да се исклучи.

Во исто време францускиот министер за сообраќај Фредерик Кувилије наведе дека силниот мирис на нафта од авионот на местото на несреќата и фактот дека остатоците од авионот се на релативно мало подрачје укажува оти причина за несреќата се лошите временски услови или техничките проблеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...