Самитот на НАТО во Велс е многу важен

Тбилиси, 25 јули 2014 (МИА) - Претстојниот самит на НАТО во Велс, во септември, е многу важен за зближувањето на Грузија со Алијансата, изјави денеска во Тбилиси претседателот на Парламентарното собрание на НАТО (ПС на НАТО) Хју Бејли, цитиран од ИТАР-ТАСС.

Според Бејли, Парламентарното собрание „дава и ќе продолжи на Грузија да и дава максимална поддршка во процесот на интеграција на земјата во Алијансата“.

Делегација на ПС на НАТО денеска пристигна во Тбилиси во дводневна работна посета за време на која ќе се сретне со претседателот, премиерот, министрите за надворешни работи и за одбрана, како и со претседателот на грузискиот Парламент.

Бејли во разговорите кажа дека „парлалено со грузиските реформи за интеграција во НАТО“ ќе се разгледа и „текот на приближувањето на земјата кон ЕУ, спогодбата за асоцијација со Европската унија и користа што овој документ ќе и ја донесе на Грузија“.

Пред еден месец генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Брисел изјави дека на самитот во Велс ќе се донесе пакет мерки за забрзување на процесот на приклучување на Грузија кон Алијансата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...