Во источна Украина досега загинале 325 украински војници

Киев, 25 јули 2014 (МИА) - Во воените операции во Доњецката и Луганската област во источна Украина досега загинале 325 украински војници, а 1.232 се ранети, соопшти прес-секретарот на информативниот центар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андриј Лисенко на денешниот брифинг во Киев.

Според ИТАР-ТАСС, само во текот на последното деноноќие во овој дел од земјата загинале 13 украински војници.

Овие податоци драстично се разликуваат од оние што ги соопштуваат проруските сепаратисти во двата региона. Според сепаратистите, од почетокот на воената операција, на 15 април, досега загинале неколку илјади украински војници.

Медиумите под контрола на сепаратистите денеска информираа дека борци на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ ја елиминирале блокадата на украинските сили кај градот Дебалцево. Во операцијата биле уништени два камиона „КАМАЗ“ на противникот, во кои се наоѓале околу 60 украински војници.

Бројот на лицата протерани од своите домови од почетокот на конфликтот во земјата достигна речиси 95.500 лица. Околку 130.000 пребегале во соседна Русија, денеска во Женева соопшти портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, Дан Макнортон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...