Евродипломатите начелно се согласија

Проширување на списокот со имиња за санкции кон Русија

Брисел, 29 јули 2014 (МИА) - Дипломатите од ЕУ постигнаа начелен договор за проширување на списокот со лица, на кој се наоѓаат и блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин, и фирми што ќе подлежат на замрзнување на сметките, во рамки на построгите мерки против Русија заради нејзините активности во Украина.

Новиот список со имиња ќе биде објавен денеска или утре и ќе им се придодаде на 87-те лица и 20-те организации, кои веќе се ставени под санкциите на ЕУ.

Според анонимни дипломатски извори, кои не можеа да дадат детали за намерата на ЕУ, цел на санкциите се лицата и компаниите кои ја поддржуваат или имаат корист од дестабилизацијата и анексијата на Крим од страна на Русија.

Списокот подлежи на извесно правно допрецизирање и ќе биде потпишан денеска, кога дипломатите од ЕУ ќе ги продолжат разговорите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...