Пораст на самоубиства во Шведска

Гетеборг, 29 јули 2014 (МИА) - Бројот на самоубиства во Шведска бележи пораст втора година по ред, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Таквиот тренд го покажуваат најновите статистички податоци од шведската Социјална управа за 2013 година.

Бројот на самоубиства пораснал од 1.378 во 2011 година на 1.600 во 2013 година, а најголем пораст е регистриран меѓу млади лица на возраст од 15 до 24 години.

Толкав број на лица што си го одземале животот не е забележан во Шведска уште од 1989 година.

- Станува збор за голем пораст, но постојат методи за превенција против самоубиства, вели Данута Васерман, професор по психијатрија при Каролинскиот институт во Стокхолм за Шведската телевизија.

Најтемниот период во статистиката на самоубиства вп Шведска е летото, што се објаснува со тоа што дневниот ритам во летниот период се менува, а поинакво е и хормоналното влијание.

Една друга причина според експертите е дека многумина во текот на летото се конфронтираат со својата социјална ситуација.

- Можно е човек да се конфронтира со својата самотија или доколку има големи проблеми со своето семејство или со кругот на познаници и пријатели. Во текот на летото тоа станува потешко бидејќи човек обично тогаш повеќе другарува, а еден значаен фактор е и алкохолот, потенцира Данута Васерман.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...