Жителите на Москва се соочуваат со големи горештини

Москва, 29 јули 2014 (МИА) - Невообичаени горештини овие денови ги мачат жителите на Москва, а градските власти поставија пунктови за брза помош во близина на најфреквентните метро станици, како и апарати со вода за пиење.

- Вода се дели и на влезовите од станиците, кога температурата внатре ќе надмине 28 степени Целзиусови, изјави денеска заменик градоначалникот на Москва, Максим Ликсутов.

Зајакната е контролата и на системите за разладување во превозните средства на градскиот транспорт. Кога автобус, тролејбус или трамвај започнуваат со смена, се врши специјална контрола дали и како работат климатизерите, а внатрешноста на возилата двапати дневно се мие со вода.

На голем број улични постројки се поставени разладни уреди, а се отвораат и дополнителни продажни места за билети, со цел луѓето да не чекаат долго во ред на високите температури.

Над поголемите московски паркови кружат хеликоптери, кои следат евентуално избувнување на пожари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...