Украинската армија прeзеде контрола врз градот Авдеевка

Киев, 30 јули 2014 (МИА) - Украинските сили денеска информираа дека ја повратиле контролата врз градот Авдеевка, десетина километри северно од Доњецк, што досега го држеа проруските сепаратистите и дека биле цел на нови напади од територијата на Русија.

Генералштабот на украинските операции во источниот дел на земјата соопшти дека армиксите сили водат борби и за Иловајск, град кој се наоѓа на околу 20 километри источно од Доњецк.

Откако на почетокот на месецот ја повратија контролата врз бунтовничкото упориште Славјанск, украинските сили постепено напредуваат кон големите градови во регионот кој го држат сепаратиститеж - Доњецк и Луганск. Во последните денови тие ја засилија офанзивата во реонот меѓу двата града и во близина на границата со Русија, која Киев и Западот ја обвинуваат дека ги снабдува сепаратистите со оружје.

Украинскиот Генералштаб потеницура дека нивните војници немале ниту една жртва во текот на минатата ноќ, иако биле подложени на мноштво напади, а најмногу синоќа кога „од руска територија бил извршен артилериски напад врз граничниот премин Довжански“.

Утринава украинските сили биле нападнати од седум тенка, придружувани од возила, што ја преминале руско-украинската граница во близина на селото Добровка југоисточно од Доњецк.

Во борбите во Луганск во последното деноноќие загинал еден цивил, соопштија сепаратистите. Сепаратистичките лидери во Доњецката област информира за 19 убиени во борбите меѓу украинските војници и проруските сепаратисти. Според сајтот на управата, во текот на последното деноноќие во болниците во регионот биоле донесени 31 рането лице.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...