Еболата и се заканува и на Велика Британија

Лондон, 30 јули 2014 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд денеска изјави дека смртоносниот вирус на еболата, кој досега предизвика смрт на 670 луѓе во Западна Африка, и се заканува и на Велика Британија.

Засега ниту еден Британец не е заразен, а нема ни регистриран случај на заболен од ебола во Велика Британија, но Владата во Лондон со големо внимание ја следи ситуацијата со ширењето на болеста.

- Овде (во Британија) нема заразени, но заканата е мошне голема, па на неа мораме да одговориме и да бидеме целосно подготвени, изјави Хамонд за Би-Би-Си.

Претставник на здравствените власти во Англија, потврди дека врз едно лице во Бирмингем биле направени тестови, откако лекарите се посомневале дека е заразен со ебола, но се покажа дека не станува збор за оваа смртоносна болест.

На почетокот од овој месец, британските здравствени власти беа алармирани за максимална подготвеност околу заканата од префрлање на еболата на британска почва, а сите лекари беа предупредени да бидат внимателни и да реагираат на секој сомнеж за појава на симптомите на болеста.

Неколку западноафрикански авионски компании, прекинаа да летаат кон Сиера Леоне и Либерија, стравувајќи од можноста за ширење заразата. Одлуката е донесена по откривањето на инцидентот, кога еден заразен Либериец, поминал преку најголемиот нигерски аеродром.

Властите во Лондон стравуваат дека преку патувањата на луѓето од Западна Африка кон некој од британските аеродроми, може да се случи опасната зараза да се префрли и на територијата на Велика Британија.

Специјалниот британски комитет за вонредни ситуации КОБРА, со кој раководи Хамонд, денеска одржува седница посветена на состојбата со еболата и за заканата кон Велика Британија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...