Врховната рада не ја прифати оставката на Јацењук

Киев, 31 јули 2014 (МИА) - Врховната рада (Парламентот) на Украина денеска не ја  прифати оставката, што минатата недела, ја поднесе премиерот Арсениј Јацењук.

За оставката на премиерот гласаа само 16 пратеници, од потребните 226, а против беа 109 пратеници.

Јацењук од парламентарната говорница кажа дека „Украина не прогласи банкрот и никогаш тоа нема да го стори“ пренесе ИТАР-ТАСС.

Претседателот на украинската Влада оставката ја поднесе на 24 јули заради распадот на владејачката коалиција и одбивањето на пратениците да ги поддржат владините предлози за закон во Парлемантот.

Според законот, оставката мора да ја потврди Парламентот, наведуваат руските медиуми.

Украинскиот претседател Петро Порошенко вчера изјави дека Владата со Јацењук на нејзино чело треба да продолжи со работа.

Претседателот на Парламентот Александар Турчинов на 24 јули го прогласи распадот на коалицијата „Европски избор“, што беше формирана по смената на власта во Украина во февруари годинава. Инцијатори беа пратеничките групи на Украинската демократска алијанса за реформи (УДАР) и Слобода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...