Шведската Влада сака да го исфрли поимот раса

Гетеборг, 31 јули 2014 (МИА) - Шведската Влада сака поимот раса да исчезне од шведското законодавтсво, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Но овој предлог воедно наидува на критика од страна на Афро-шведскиот сојуз, кој смета дека поимот раса е важен кога станува збор за борбата против дискриминација.

- Ние знаеме дека всушност не постојат различни човечки раси. Исто така знаеме дека суштината на расизмот е во тоа што се верува дека постојат различни раси, дека расната припадност прави човек да се однесува на одреден начин, и дека извесни раси се супериорни во однос на други, вели шведскиот министер за интеграција Ерик Уленхаг.

Според него, поимот раса има негативна конотација и претставува ризик за поттикнување на предрасуди. Затоа тој збор треба да биде исфрлен од текстовите на шведските закони.
Прашањето околу поимот раса и расна припадност е контроверзно и е предмет на повеќедецениска дебата.

Оние кои се залагаат поимот раса да остане во употреба сметаат дека станува збор за поим што е од полза за да може фактички да се согледа и признае егзистирањето на расизмот. Со таквиот поим е полесно да се констатира дека извесни групи се навистина изложени на расизам.

- Поимот раса е нешто што ние во рамки на Афро-шведскиот сојуз го актуелизираме подолг период. Тоа, пред се, е добар инструмент за да може да се укаже на структурната дискриминација во општеството, која погодува значаен дел граѓани само поради бојата на нивната кожа, вели Закарија Зухир од Афро-шведскиот сојуз за Шведската телевизија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...