Таен план на Меркел и Путин за Украина

Лондон, 31 јули 2014 (МИА) – Германскиот канцелар Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин имаат таен план за да се реши по мирен пат меѓународната криза во Украина, објави Индепендент.

Според тој договор, Европа за признавање на Крим во состав на Русија би добила сигурно снабдување со руски гас. Основна цел за тајниот мировен план е како што тврди весникот, стабилизација на украинската граница и обезбедување силни економски дотации за финансиски осиромашената Украина, особено со нов енергетски договор кој би обезбедил снабдување на Украина со гас и Европа.

Контроверзниот план предвидува првично меѓународната заедница да ја признае независноста на Крим и неговото присоединување кон Русија. Извори блиски до Меркел и Путин, наведуваат дека во случај на постигнат договор, Русија би морала веднаш да ја повлече својата финансиска и воена помош за проруските сили на исток во Украина.

Истовремено, Украина би морала да се откаже од членство во НАТО. Русија за возврат би престанала да блокира или да се меша во новите трговски односи меѓу Украина и ЕУ.

Украинците би добиле нов долгорочен договор со Гаспром за идните испораки на гас и за цената.

Москва би исплатила отштета за Украина од милијарда долари поради губење рента која Русија ја плаќала на Киев за стационирањето сили на Крим и Севастопољ.

Тие обиди на Меркел да посредува меѓу Путин и украинскиот претседател Петро Порошенко се откажани по соборувањето на малезискиот авион на исток во Украина, наведува Индепендент. Извори за весникот тврдат дека „германскиот мировен план се уште е на маса“ и се очекуваат преговори по истрагата за причините за падот на авионот во кој загинаа 298 луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...