Истече едногодишниот „привремен азил“ на Сноуден во Русија

Москва, 1 август 2014 (МИА) -  Едногодишниот „привремен азил“ на американскиот бегалец Едвард Сноуден, поранешен соработник на американската агенција за национална безбедност (НСА), истече, без навестувања или потврда за тоа дека азилот ќе биде продолжен.

Неговиот руски адвокат изјави дека Сноуден може да остане и понатаму во Русија додека неговата апликација за продолжување на престојот се разгледува од руските власти.

Меѓународната јавност не знае ништо за активностите на Американецот, кого во САД го обвинуваат за шпионирање и за издавање државни тајни, за тоа каде тој живее и дали нешто работи.

Во април оваа година, тој се појави со снимена видео порака во телевизиската емисија, во која претседателот Владимир Путин одговара на прашања од разни области, што му ги поставуваат руските гледачи.

Сноуден во своето прашање до Путин „се интересираше за тоа дали Русија ги шпионира своите граѓани“ онака како што тоа го прават американските разузнавачки агенции.

Неговото прво појавување во јавноста предизвика сензација, но прашањето и условите во кои тоа беше поставено ги разочара неговите искрени поддржувачи, затоа што тоа само покажа дека руските власти го користат Сноуден за пропагандни цели.

Адвокатот Анатолиј Кучерена, кој ја има улогата и на портпарол на Сноуден, изјави за московската телевизија дека неговиот клиент има привремена дозвола за престој во Русија, а не политички азил.

Непосредно пред да ги открие тајните дека НСА ги надгледува телефонските и интернет комуникациите, Сноуден побегна во Хонг Конг, од каде кинеските власти дозволија тој безбедно да замине за Москва.

Американскиот државен секретар Џон Кери, пред извесно време, јавно апелираше на неговата машкост, повикувајќи го, наместо што се крие (во Русија), да дојде дома, за да се соочи со правдата, за она што го направи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...