Миро Церар мандатар на новата словенечка влада

Љубљана, 19 август 2014 (МИА) - Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска го номинира правникот Миро Церар за премиер, откако неговата новосоздадена левоцентристичка Партија на Миро Церар (ПМЦ) победи на изборите во јули. 

Парламентот во рок од седум дена треба да го потврди именувањето на Церар (50), кој истакна дека не сака да продаде некои од најголемите државни претпријатија, предвидени за приватизација во рамките на напорите за стабилизација на словенечката економија.

ПМЦ освои најголем број гласови на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 13 јули и има 36 пратеници од вкупно 90.

Церар ќе има 15 дена да го состави кабинетот, кој треба да биде одобрен од Парламентот. Се очекува Церар да ги заврши преговорите за коалиција со Демократската партија на пензионерите (ДЕСУС), со левоцентристичката партија Социјалдемократи и со Сојузот на Аленка Братушек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...