Алан Жупе најави кандидатура за претседател на УМП

Париз, 20 август 2014 (МИА) - Алан Жупе, поранешниот премиер на Жак Ширак и шеф на дипломатијата во времето на Франсоа Митеран и Никола Саркози, најави дека ќе биде кандидат за претседател на конзервативната УМП за претседателските избори во 2017 година, јавува дописникот на МИА од Париз.

 - Одлучив да бидам кандидат на идните избори, најави Алан Жупе на својот блог со што ја официјализира својата кандидатура за претседелски кандидат на примарните избори на УМП.

- Остануваат помалку од две години за да се организираат (бидејќи разумноста сака тие да се одржат во прилетта 2016 година). Тоа е добар рок, дополнува Жупе во однос на примарните избори.

Тој смета дека е потребна една кандидатура на Унија, која ќе дозволи да се одмерат силите на едната страна со Националниот фронт и на другата страна со Социјалситичката партија.

Актуелниот градоначалник на Бордо смета дека дел од размислувањата кои ги изнесува заслужуваат да бидат продлабочени и доработени. Тој се залага за заедничка кандидатура на десницата и центарот уште при првиот круг на изборите бидејќи во спротивно во случај на поделби последиците во вториот круг се непредвидлив. Зборувајќи за владата на Мануел Валс, Алан Жупе е на мислење дека таа „ја изгуби довербата на Французите“.

Истакнувањето на кандидатурата на Алан Жупе не е случајно, бидејќи се повеќе се зборува за наводното враќање во политиката на Никола Саркози, кој во моментов има серизони проблеми со фрацуските судски и истражни органи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...