Две млади девојки од Франција спречени да заминат во Сирија

Париз, 20 август 2014 (МИА) - Две млади девојки на возраст од 15 и 17 години беа притворени во вторникот, едната во Тарб додека другата во Лион во рамките на истрагата која ја води обвинителството во Париз за здружување за заговор во врска со терористички потфат, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Како што пишува париски „Фигаро“, мерката притвор е продолжена и денесka. Двете малолетни девојки се познавале само преку социјалните мрежи и се подготвувале да заминат за Сирија, каде планирале да водат света војна, надополнува приватното радио РТЛ.

На почетокот на јули, француската влада претстави нов закон со кој се засилуваат мерките за борба против тероризмот за да се соочат со заканите кои ги претставуваат бројните француски џихадисти, но и од Европа кои се присутни во Ирак и Сирија.

Според законот кој се наоѓа во парламентарна процедура, известувачот Себастијан Пиетрасанта проценува дека околу 900 француски државјани се вмешани во сириските џихадистички канали. Во средината на јули според податоците или проценките во Сирија се бореле 343 француски државјани, од кои седум малолетници и педесетина жени, 151 лице боло во транзит, додека 172 се вратле од Сирија, од кои стотина останале во Франција. Според истите податоци досега во Сирија загинале 33 лица со француско државјанство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...