Франција е против отцепувањето на Шкотска

Лондон, 20 август 2014 (МИА) -  Официјален Париз не се изјаснува околу претстојниот референдум за независност на Шкотска, но Франција е против отцепувањето и растурањето на Велика Британија и покрај старата шкотско-француска алијанса, создадена во Средниот век, против нивниот заеднички „непријател“ Англија.

Лондонските медиуми потсетуваат дека во Франција постои една мала територија, која засекогаш ќе остане силно поврзана со Шкотска. Тоа е малото место Обињи, сместено меѓу Орлеан и Бурже. Ова место е познато по тоа што 400 години било во сопственост на едно крило на шкотското кралско семејство на Стјуартите.

Во 1422 година, Џон Стјуарт, побегнал од Шкотска по една од битките со Анличаните, за да командува со мала армиска сила, која им помагала на Францизите во нивните војни со Англија.

Како награда за лојалноста, добил титула витез, но и земја и замок во Обињи, што останал во шкотски раце, се до француската револуција.

Лугето кои денеска живеат во ова француско место, не ги кријат симпатиите за Шкотланѓаните со кои секоја година, на 14 јули, организираат фестивал на шкотска музика и храна.  Но без разлика на емоциите и на неколку вековната блискост, тие одбиваат да се изјаснат за тоа дали сакаат да ја видат денешна Шкотска, како суверена и независна држава, надвор од Обединетото Кралство.

Францускиот политички експерт Доминик Монси објаснува дека таквото молчењето на официјален Париз и одбивањето на лугето од „шкотско“ Обињи да ја подражат Шкотска во обидот на тамошните сепаратисти, да се отцепат од Велика Британија,е сосема разбирливо.

- Ова не е Среден век и веќе не важат емоциите. Сегашните политичари, но и обичните луге го знаат тоа и тие се свесни дека шкотската независност е во спротивност со определбите и приоритетите на денешна Франција, вели Монси во разговор за Би-Би-Си.

Овој француски експерт објаснува дека несогласувањето со отцепувањето, делумно е последица и на постоењето на сепаратизам во некои делови на Франција. Во Корзика и во Бретања, што Британците ја нарекуваат Британи, повремено избувнуваат сепартистички страсти, иако тие сепак,не се како оние во Шпанија.

Според Монси, Шпанија е далеку најзагрижена од исходот на шкотскиот референдум, за помалку од еден месец,поради Баскија, а посебно поради ситуацијата во Каталонија,каде сепаратизмот и политика за отцепување, стануваат се поинтензивни и заканувачки за централната влада во Мадрид. Затоа, главната причина за несогласувањето на Париз со отцепувањето на Шкотска, не е стравот за тоа што може да се случи на домашен терен, туку за тоа, што ќе биде со Европа и со местото на Франција во неа.

Официјален Париз, поради тоа, инсистира на една, единствена, силна и проевропски определена Велика Британија,која ќе може да се постави, заедно со Франција, како своевидна против-тежа на Германија, која секоја година станува економски,но и политички, се помоќна.

- Тоа значи дека се што оди против силна Велика Британија, како што е тоа сегашното, потенцијално шкотско отцепување, директно е против француските амбиции во Европа, вели Доминик Монси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...