Три партии ќе ја формираат новата влада на Словенија

Љубљана, 21 август 2014 (МИА) - Новата словенечка влада предводена од Миро Церар ќе ја сочинуваат три политчки партии, кои на предвремените парламентарни избори на 13 јули заедно освоија 52 места во 90-члениот Парламент на Словенија. 

Како што јавија денеска словенечките медиуми, новата владина коалиција во Љубљана ќе ја сочинуват Партијата на Миро Церар (СМЦ), Демократската партија на пензионерите на Слованија (ДЕСУС) и Социјалните демократи (СД).

Во текот на преговорите за формирање на владата се споменуваше можноста во неа да учествува и Алијансата на актуелната премиерка Аленка Братушек - ЗААБ, но Церар реши да не и понуди места во владиниот кабинет. 

Церар најави дека новата влада најверјатно ќе има 15 министри, од кои 10 ќе и припаднат на неговата партија, а остантите пет ќе ги добијат помалите коалициски партнери. 

Засега не е позната платфорамата на новата влада, но медиумите наведуваат дека таа ќе мора да се насочи кон финансиска стабилизација на земјата и реформа на државната администрација. Пред Словенија треба да претстои и приватизација на некои од државните претпријатија, но тој процес останува неизвесен, имајќи предвид дека Церар во предизборната кампања се залагаше против продажба на државните монополски компании.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...