Deutsche Welle

ЕУ како центар за регрутација за Исламската држава

Повеќе од 2000 луѓе од ЕУ би можело да се борат на страната на терористичките милиции Исламска држава во Сирија, проценува Комисијата на ЕУ. Младите преку Истанбул патувале за Сирија, велат експертите за безбедност.

Дали во Брисел, Хаг или Лондон: Приврзениците на терористичкото движење Исламска држава (ИД) го покажуваат своето црно знаме во голем број главни градови во Европа. „Со сигурност зборуваме за повеќе од 2000 лица“, изјави портпарол на Комисијата на ЕУ на прашањето каква е проценката на ЕУ за бројот на борците кои од Европа патуваат во областите во Сирија и Ирак каде владее Исламската држава. Тие таму добиваат воена обука, за по нивните терористички акции некогаш повторно да се вратат во Европа.

Се разбира дека тоа било голема опасност за Европа, нагласува Комисијата на ЕУ. Само во Сирија во моментов, според податоци на владата во Брисел се бореле 385 Белгијци, повеќето од нив на страната на терористите од Исламската држава. Многумина од нив според информации на белгиската влада доаѓале од Антверпен или Брисел.

Борците на ИД се презентираат преку интернет

„Во Брисел имаме невработеност, сиромаштија, безперсепективност меѓу младите и енромен криминал“, говори проповедникот на омраза Агнем Хондари, еден од идеолошките поттикнувачи на радикалните исламисти, кои се борат за ново „шарија за Белгија“ - движење.

„Зависност од игри, алкохол, дроги, проституција дивеат во цела Европа“, говори преку микрофонот пропагандистот на шаријата Хондари на еден т.н. „Анти демократски форум“ во Европа и бара алтернатива за системот. Таа алтернатива многумина негови приврзаници ја гледаат во калифатот кој го пропагираат терористите на Исламската држава.

Преку Истанбул до Сирија

На посебно голема резонанца ваквите тиради на омраза наидуваа во холандскиот центар на сиромашни Шилдерсвајк. Приврзаниците на ИД во населбата во Хаг на една демонстрација им најавија отворена борба на Евреите и на САД.

Најмалку 140 Холанѓани во меѓувреме се борат во Ирак и во Сирија. Повеќето од европските борци на ИД прво патуваат во истанбулската населба Фатих, каде според сознанијата на европските безбедносни експерти во една неформална канцеларија на терористичката организација Исламска држава добивале до 400 долари почетна помош за преминување на границата кон Сирија. Во камповите за тренинг на Исламската држава во Сирија тие идеолошки се радикализирале и добивале воена обука. И многумина се обидуваат по нивните терористички активности повторно да се вратат во ЕУ.

Загриженост од напади во Европа

Токму враќањето на овие странски борци е закана за внатрешната безбедност на Еворпа, нагласува портпаролот на Комисијата на ЕУ. Според информации на експертите за безбедност на европската служба за надворешни работи меѓу нив и т.н. „спијачи“, кои во Европската унија извршуваат редовна работа и својот годишен одмор го користат за преку Истанбул или Анталија да отпатуваат во терористичките кампови на Исламската држава и таму да се подготват за подоцнежни терористички напади во Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...