Царот Владимир Први

Путин не се обидува да добие Студена војна – тој повторно води битка од Првата светска војна, пишува Гал Луфт во Форејн Полиси.

Првата светска војна не беше само една од најдолгите и најкрвави конфликти во историјата, туку имаше и клучна улога и влијание на процесите подоцна. Оваа војна беше катализатор за Големата депресија, подем за бруталните идеолози на нацизмот, комунизмот и фашизмот, многу регионални конфликти околу останатите исчезнати империи и се разбира, Втората светска војна. Како европските лидери се лизнаа во катастрофална војна е една од најголемите неразјаснети мистерии во модерната историја. Напишани се многу книги и статии во кои се настојувало да се објасни како атентат во Сараево предизвикал огромна катастрофа во 20 век. Но, одговорите никогаш не биле задоволителни.

Експлицитните објаснувања кои имаа цел да фрлат вина на Германија беа популарни до 1990-те. Но, од тогаш постепено ги заменуваат нијансирани ставови според кои и останатите конфликтни сили, вклучувајќи ги Британија и Франција, делат одговорност за избувнувањето на војната во која се убиени повеќе од 10 милиони луѓе. Но, со фокусот на настаните во Лондон, Париз и Берлин се замаглува важноста на случувањата на Истокот. Имено, Русија исто така ја дели одговорноста за катастрофата која и се случи на Европа.

Додека светот одбележува сто годишнина од избивањето на Големата војна, разбирањето на тогашните геостратешки пресметки на Русија може да помогне во сегашните потези на Москва во Украина.

Раширено е мислењето дека Русија пред Големата војна пред се настојувала да ја поддржи својата мала словенска сестра Србија, која била изложена на дипломатски притисок од Виена и Берлин по атентатот на надвојводата Франц Фердинанд. Но, со постепено отворање на руските архиви по повеќе децениски цензури, станува јасно дека заштитата на Србија не била основната цел на Русија. Нејзиниот влог бил многу поголем од малата сојузничка на Балканот.

Русија во својата политика пред Големата војна пред се се раководела од желбата да обезбеди контрола над мореузите Босфор и Дарданели – или во најмала рака да обезбеди да не паднат во рацете на непријателите како што е Германија. Пристапот на овој преку цела година пловен пат, од секогаш било еден од најголемите стратешки приоритети на Санкт Петерсбург. Овие два мореузи со векови беа папочна врвка на руската економија. Тие беа порта за премин на руските производи во Медитеранот и секако на глобалниот пазар. Но, во предвоениот период, зоната околу мореузите станува се по нестабилна.

Одлуката на турските власти во текот на војната со Италија да ги затворат овие мореузи ја разниша Русија. Нејзините приходи од извозот, пред се на житариците, во тоа време падна за една третина. Потоа следеа Балканските војни 1912-1913 година, во чиј тек Русија повторно беше загрижена за можноста мореузите да бидат затворени. На крајот тоа не се случи, но трговскиот баланс на Русија беше толку разнишан што нејзините девизни резерви беа речиси исцрпени.

Кога стана јасно дека се ближи крајот на Отоманското царство, главната руска стратешка цел беше да ги спречи другите европски сили да ја превземат контролата над мореузите Босфор и Дарданели.

Во декември 1913 рускиот министер за надворешни работи Сергеј Сазонов му напишал писмо на царот Николај Втори:

- Државата која ги поседува и контролира овие мореузи ги држи во раце не само клучот за премин на Црно море и Медитеранот, туку и продорот во Мала Азија и инструментите за хегемонија на Балканот.

Поради предвоените маневри на Германија, руската загриженост се зголеми. Официјален Берлин вложил голем напор во зајакнување на пријателството со Младотурците кои владееја во Отоманската империја. Германскиот цар силно го поддржал проектот железничка линија од Берлин преку Цариград до Багдад. Германските тајни служби ширеа гласини во исламскиот свет дека Кајзер, кој станал познат како Хаџи Вилхем, тајно преминал на ислам и ја посетил Мека.

Пред војната во 1914 година, Берлин испрати два воени брода во Цариград за да го зајакне германско–отоманското сојузништво.

Русија станува позагрижена кога есента во 1913 година Германија го праќа генералот Ото Лиман вон Сандерс да го командува и модернизира турскиот Прв армиски кор, кој бил задолжен за одбрана на Цариград и мореузите.

Германско-отоманското сојузништво за Русите значело дека во настојувањето да преземат контрола над мореузите ќе се соочат со модернизиран противник кој ќе биде многу тешко да се порази.

Откако се мобилизирале европските армии по Сараевскиот атентат, Русија се соочува со дилема. Може да ја пушти Австроунгарија да ја порази Србија со што би добила отскочна даска за продолжување на воените операции кон Егејското море и од таму накај турските мореузи.

Втората опција била мобилизација на руската армија со пет милиони припадници со цел да ја нападне Германија. Во Санкт Петерсбург се надеваат дека тој маневар би можел да го сврти Берлин кон западниот фронт каде што германскиот кајзер проценил поголема можност за брза победа над Франција, отколку да се впушти во војна со Русија.

Санкт Петерсбург се одлучува за оваа опција. Текот на војната која што следи го менува светот од темел.

Секако, овој план не функционирал како што се надевала Русија. Уште првиот месец кога почнала војната, руската армија претрпела тешки порази на источниот фронт. Најтешкиот пораз е уништувањето на нејзината Втора армија во битката со германските сили кај Таненберг при крајот на август. Поразена и ослабена Русија не е веќе во позиција да превземе контрола над Босфор и Дарданели, со што е попречена и нејзината главна геостратешка цел.

Во текот на 1915 година, кога Големата војна навлегла во втората година, Русија можела само да гледа од страна како нејзините сојузници Британија и Франција безуспешно се обидуваат да преземат контрола над Босфор и Дарданели во битката кај Галиполе.

Потоа се избива комунистичката револуција во 1917 година по што Русија ја напушта војната. По крајот на Првата светска војна, со договорот од Севра се одредува мореузите Босфор и Дарданели да бидат меѓународна територија под контрола на Лигата на народите. Со тоа рускиот сон за преземање на контрола над овој премин е уништен засекогаш.

Путин повеќе како царот Николај 1914 година, отколку Брежњев 1968.

Сто години подоцна, руската позиција на Црното Море е повторно доведена во прашање – барем според мислењето на Владимир Путин – откако во украинската револуција во 2014 година сојузникот на Кремљ е симнат од власт и на власт доаѓа прозападната влада. Овој пат не се загрозени турските мореузи туку друга важна гранка на морето – Севастопољ на Крим. Оваа порта и припаѓала на Русија од 18 век и седиште е нејзината црноморска флота.

Советските власти го доделиле кримскиот полуостров на Украина во 1954 година, но поморската база во Севастопољ останала под руска контрола. Но, промената на власта во Киев предизвика сомневање во Москва слично како и царската Русија пред Првата светска војна. За Путин преминувањето на Севастопољ во непријателските раце – или што е уште полошо, под контрола на НАТО би било голем предизвик како што бил и случајот со можноста Босфор и Дарданели да паднат во германските раце пред еден век.

Светот драстично се промени од 1914 година, но некои карактеристики на меѓународниот систем се вечни, пред се тие кои се однесуваат на географијата. Една од тие е желбата на Русија да обезбеди непречен морски премин за трговија.

Поради неповолната географска положба на Русија кога станува збор за пристап кон топлите мориња, Црното Море за Русија е поважно од Карипското за Вашингтон или Јужно Кинеското Море за Пекинг. САД ја имаат Монроовата доктрина за заштита на своите води, додека и Кина денес го дефинира своето море за многу важен дел од територијата. Русија никогаш до крај не ја артикулирала својата црноморска доктрина, но без сомнеж има намера да се спротивстави на секое настојување – реално или перципирано – да се загрозат нејзините интереси во таа област.

Со непостоењето на јасни доктрини на Москва делумно може да се објасни зошто Западот заземањето на Крим го протолкувал како почетен обид за обнова на исчезнатото руско царство. Но, додека европските и американските лидери ги разгледуваат следните движења во соочувањето со Москва, вреди да се запамети дека Путиновото заземање на Крим има многу повеќе заедничко со загриженоста на царот Николај за развојот на случувањата на Црното море во 1914, отколу со кампањата на Леонид Брежњев во Чехословачка во 1968 година.

Акцијата на Путин беше одбрана на руските национални интереси – во целосна согласност со националната геополитичка ДНК – отколку чиста, слепа агресија.

Европскиот систем на големите сили од пред еден век се карактеризирал со непримерна меѓународна политика со тајни комбинаторики и договори. Од тогаш надворешната политика е повеќе транспарентна – единствено руската остана енигматична.

Додека креаторите на западната политика настојуваат да ги разберат последните потези на Кремељ, повторното читање на историјата на Првата светска војна може да биде од пресудна важност за овој пат да се осигура светот да не влезе во војна поради погрешно сфатените геополитички амбиции на Москва.

Радио Слободна Европа - Прага



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...