Во Шведска треба да се врати воената обврска

Гетеборг, 29 август 2014 (МИА) - Во Шведска би можело да биде потребно враќање на задолжителната воена обврска и регрутација, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Тоа го изјави лидерот на шведската Народна либерална партија Јан Бјорклунд, во предизборно интервју на Шведската телевизија.

- Доколку продолжи актуелниот развој со една се поагресивна Русија, не исклучувам дека би требало да ја засилиме одбранбената моќ на земјата, вклучувајќи го и враќањето на воената обврска, реле Јан Бјорклунд, чија партија е член на актуеланата владејачка коалиција.

Лидерот на шведските либерали, кој воедно е и е еден од најистакнатите приврзаници на зачленување на Шведска во НАТО, вели дека неговите ставови околу воената обврска се пред се во рамки на неговата партија, а не и во владината коалиција во целина.

И најголемата шведска опозициона партија, социјалдемократите, сметаат дека актуелниот безбедносно-политички развој налага потреба да се разгледаат можностите за повторно воведување на регрутација меѓу воените обврзници.

- Сметаме дека не е разумно одбраната на Шведска и понатаму да и се препушти на една помала група професионални воени лица, вели Петер Хулквист, претседател на парламентарниот Одбор за одбрана, потенцирајќи дека треба да се има на ум дека Русија во последниве години свесно го засилува своето вооружување.

Инаку, шведската Влада вчера го потпиша договорот со НАТО со кој на Алијансата и се овозможува да оперира на шведската територија во случај на кризни ситуации. Договорот се очекува да биде усовен и во Шведскиот парламент, а ќе стапи на сила во 2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...