Украина ќе го обнови процесот за прием во НАТО

Киев, 29 август 2014 (МИА) - Украинската Влада ќе и предложи на Врховната рада да го укине вонблоковскиот статус на Украина и да го обнови курсот за зачленување во Северноатлантскиот сојуз, изјави денеска украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

Тој потенцира дека е тоа направено согласно одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана.

Според неговите зборови, доколку биде усвоен предлог-законот, тоа ќе и овозможи на Украина да носи одлуки за членство во други економски, политички или воени сојузи, кои не противречат на главната цел на Украина - членство во Европската унија.

Јацењук истакна дека со усвојувањето на тој закон на Украина и било забрането членство во постсоветските интегративни сојузи, како што се царинска или евроазиска унија, кои, како што рече, по својата суштина не се ништо друго освен „Советски сојуз кој се вика Руска Федерација“.

- Му се обраќаме на претседателот на Украина (Петро Порошенко) и украинскиот парламент да го разгледаат законот без одложување, по итна постапка, согласно одлуката на СНБО, нагласи украинскиот премиер.

Порошенко го потпиша указот за распуштање на парламентот и закажа избори за 26 октомври, а мандатите на актуелниот состав се прекинуваат на денот кога новиот парламент ќе одржи конститутивна седница. Нова седница, на актуелниот состав ќе се одржи на 2 септември.

Врховната Рада во 2010 година, на предлог на тогашниот претседател Виктор Јанукович усвои закон за принципите на внатрешната и надворешната политика, со кој се прогласи вонблоковски статус на Украина.

Законот, кој е сега во важност, предвидува основниот принцип на надворешната политика на Украина да биде земјата да ја почитува политиката на невклучување во блокови, што значи дека не учествува во военополитички сојузи, туку во модернизација и развој на европскиот систем на колективна безбедност, ја продолжува конструктивната соработка со НАТО и други военополитички блокови за сите прашања од заеднички интерес.

На својата Фејсбук страница, украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков напиша дека доколку собранието го одобри владиниот предлог, на Украина и се отвора патот кон НАТО.

- И тоа е многу правилно! Само оние без памет во сегашната ситуација можат да се противат на еден таков потег, наведе Аваков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...