Русија со одмазнички мерки

доколку и се воведат нови санкции

Москва, 1 септември 2014 (МИА) - Русија ќе преземе одмазнички мерки доколку ЕУ воведе нови санкции, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

„За жал, Европскиот совет и покрај интересите на земјите членки, попушта пред земјите кои сакаат да ги спроведат геополитичките планови за да ја зголемат конфронтацијата со Русија“, се наведува во соопштението.

„Ние се надеваме дека ЕУ ќе биде во состојба независно да ја согледа ситуацијата, да се одвои од стереотипите од минатиот век и да почне конструктивно да помага во решавањето на внатрешните судири во Украина, порача министерството, а јави ИТАР - ТАСС.

Доколку на Русија и се воведат нови санкции, таа ќе преземе одмазнички мерки со цел да ги одбрани своите интереси, додаде руското министерство.

Лидерите на Европската унија на самитот одржан минатиот викенд се согласија да воведат нови санкции кон Русија, што ќе стапат во сила најдоцна за седум дена, доколку Москва не преземе чекори кон смирување на украинската криза.

„Екстремно сме загрижени заради влошувањето на ситуацијата во Украина“, рече претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпеј на новинарите по состанокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...