„ДНР“ и „ЛНР“ ја изнесоа преговорачката платформа

пред Контакт групата во Минск

Минск, 1 септември 2014 (МИА) - Во главниот град на Белорусија почнаа денес консултациите на Контакт-групата за решавање на кризата на југоисточниот дел на Украина, јави ИТАР-ТАСС.

Руската државна агенција од Доњецк пренесува дека на консултациите на претставниците на самопрогласените „Доњецка“ и „Луганска Народна Република“ („ДНР“ и „ЛНР“) ја изнесле преговарачката позиција залагајќи се за рамноправност во преговорите, што е „единствениот прифатлив начин за решавање на конфликтот и враќање на мирот“.

Меѓу другото, „ДНР“ и „ЛНР“ бараат признавање на посебниот статус на нивната територија, прекинување на воените операции на украинските сили заради оддржување на слободни избори и признавање на статусот на рускиот јазик.

Исто така, тие особено инсистираат на статусот за нивните вооружени формации и правата на именуваните адвокати и судии.

Истовремено, како што се истакнува, потребно е да се спроведе безусловна амнестија на учесниците на востанието и сите политички затвореници, наведува ИТАР-ТАСС.

„ДНР“ и „ЛНР“ бараат и посебен систем на надворешно-економските активности со уважување на јакнењето на интеграцијата со Русија и Царинската унија.

Во случај на исполнување на наведените барања, „ДНР“ и „ЛНР“ гарантираат дека ќе „вложат максимални напори за поддршка на мирот, сочувување на единствениот економски, културен и политички простор на Украина и целиот простор на руско-украинската цивилизација“.

Вицепремиерот на „ДНР“, Андреј Пургин соопшти дека во Минск се донесени предлози што се насочени кон брзо завршување на судирите и намалување на бројот на жртвите.

Контакт-групата ја претставуваат поранешниот украински претседател, Леонид Кучма, амбасадорот на Русија во Украина, Михаил Зурабов и претставникот на претседателството на ОБСЕ за Украина, Хајди Талјавини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...