Околу 15.000 руски војници биле испратени во Украина во последните два месеца

Москва, 1 септември 2014 (МИА) - Околу 15.000 руски војници биле испратени во Украина во последните два месеца, а неколку стотина веројатно се убиени во воените судири во земјата, соопшти невладина организација за заштита на човековите права.

- Во последните два месеца меѓу 10 и 15 илјади руски војници биле испратени таму. Околу 8.000 веројатно се наоѓаат моментно во Украина, изјави претседателот на „Комитетот на мајките на руските војници“, Валентина Мелникова.

Информациите за бројноста на војниците таа ги добила од семејствата, чии синови или сопрузи биле испратени во воените зони и оттогаш немаат никаков контакт со нив.

- Моментно воените команданти водат специјална тајна операција, истакна Мелникова, која, исто така, е и член на општествен совет при руското Министерство за одбрана.

Според руски невладини организации, најмалку 200 руски војници се убиени досега во Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...