ЕУ ги усвои новите санкции против Русија

но ја одложи нивната примена

Брисел, 9 септември 2014 (МИА) - Земјите членки на ЕУ синоќа го усвоија новиот пакет санкции против Русија, но тие ќе стапат во сила дури за неколку дена, изјави претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

- Советот преку писмена процедура го усвои пакетот рестриктивни мерки против Русија, соопшти Ван Ромпуј, додавајќи дека санкциите ќе стапат во сила „за неколку дена“.

- ЕУ е подготвена делумно или целосно да го преразгледа усвоениот пакет, зависно од развојот на ситуацијата на терен, се наведува во соопштението на претседателот на Европскиот совет.

Амбасадорите на земјите-членки на Унијата на вчерашниот вонреден состанок по жестоката дебата донесоа одлука со „целни мерки“, со кои постоечките санкции се прошируваат на делови во руската нафтена индустрија, со забрана за извоз на оружје и некои технологии.

Дипломатски извори наведуваат дека новиот пакет ги опфаќа руските нафтени компании во државна сопственост, меѓу кои и „Газпромњефт“. На овие претпријатија ќе им биде оневозможен пристап до европскиот финансиски пазар доколку мерките бидат применети.

Освен тоа, ќе биде забрането да се извезува оружје во Русија, како и т.н. стока за двојна намена, која може да се користи и за воени и за цивилни цели.

Новите санкции опфаќаат и забрана за извоз на опрема за истражување и експлоатација на нафта, што ќе и предизвика потежок пристап на Русија до нафтените наоѓалишта во арктичкиот појас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...